Македонија

Дескоска и Поповски на конференција за намалување на корупцијата

Министерката за правда Рената Дескоска и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, денес, ќе учествуваат на конференцијата посветена на „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, што како проект финансиран од Европската Унија, го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Здружението на граѓани Конект.

Министерката Дескоска на конференцијата, која започнува во 11:00 часот во хотелот Холидеј Ин, ќе има свое воведно обраќање на панелот „Важноста на интегритетот и намалувањето на корупцијата во бизнис секторот“, додека министерот Поповски ќе говори на панелот на тема „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток