Видео и Фото

(ВИДЕО) Младоженецот со противпожарно возило дојде по невестата

Невестата на Ивица Аљиновиќ, долгогодишен вработен во противпожарната служба од Сплит, долго ќе го памети изненадувањето на венчавката.

Ивица е еден раководителите во сплитската станица, па имаше чест да ја провози својата Даниела во противпожарно возило. Цистерната беше свадбарски украсена и тргна од родното место на Ивица, Жрниовица до куќата на невестата во Мејаши.

Необичната свадбена колона ги воодушеви не само сватовите, туку и сите кои ја видоа украсената противпожарна цистерна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток