Македонија

Габер-Дамјановска го запозна Пендаровски со тековната работа на Академијата за судии

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска ја прими директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Габер-Дамјановска, како што информираат од Кабинетот на претседателот, го запознала Пендаровски со тековната работа на Академијата, како и со развојните проекти во насока на поддршка на реформите во сферата на владеење на правото и правосудството.

На средбата било истакнато значењето на Академијата во образувањето на новите судии и јавни обвинители, но и во континуирано образование и тренинг на постојните судии и јавни обвинители, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток