По новиот автопат во следните неколку месеци ќе се вози без пари.
Граѓаните што ќе патуваат од Скопје за Штип до крајот на годинава ќе плаќаат само една патарина, постоечката, кај Куманово, која чини 40 денари. Меѓутоа, од стартот на идната година планирано е на автопатот Миладиновци Штип да никнат две нови патарини.
За патарините кои допрва ќе никнат ќе треба да се издвојуваат по 50 односно 70 денари. Тие ќе бидат изградени кај Кадрифаково каде се плаќа 50, а онаа кај Преод ќе чини 70 денари.
Автопатот Миладиновци Штип е долг 47 километри и патувањето од Скопје за Штип треба да го скрати за половина час.
