Скопје

Скопјанец кршел стакла на такси возила и крадел пари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 23.06.2019 и на 24.06.2019 година извршил две кривични дела „тешка кражба“.

На 23.06.2019 година на ул.„Благоја Паровиќ’’ во Скопје, пријавениот заедно со уште едно лице скршиле странично стакло на паркирано такси возило и одзеле пари.

На 24.06.2019 година на ул.„Струмичка“ во Скопје, пријавениот, исто така, на такси возило скршил странично стакло и одзел пари. Веднаш потоа, тој бил лишен од слобода.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток