Магазин

Каков е животот во Словенија по 15 години од влезот во ЕУ?

По 15 години живот во Европската Унија, Словенија има 268.039 приклучоци на канализационата мрежа, додека пред влегувањето во ЕУ имала 171.555. Тоа се речиси 100 илјади приклучоци повеќе.

Можеби ова звучи иронично, но статистиката покажува дека Словенија во текот на изминатата деценија навистина станала подобро место за живеење.

Просечниот животен век на мажите од 73,48 се зголемил на 78,05, додека кај жените растот е малку помал – од 81,08 се зголемил на 83,66. Бројот на деца во градинките се зголемил од 54.815 на 86.703.

Речиси е дуплиран бројот на стартапи (што може да му се припише на духот на времето), а и вкупниот број на разни настани во културните институции, кој се зголемил од 12.400 на 22.025. Напоредно со тоа се зголемила и посетата на културните настани од 2.683.404 на 4.358.382.

А „сировата“ економска статистика вели дека бруто-домашниот производ по глава на жител од 13.900 се зголемил на 22.182 евра, а просечната нето-заработувачка од 701,90 на 1.092,74 евра. Стапката на невработеност, пак, од 6,3 се намалила на 5,1 отсто, а увозот и извозот се повеќе од удвоени.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток