Македонија

Таравари оствари средба со Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска ја прими амбасадорката на Јапонија во Скопје, Кеико Ханеда, со која разговараше за проекти во општина Гостивар кои може да ги финансира јапонската влада.

“Со јапонската амбасадорка имавме пријатен пријателски разговор, при што ја запознав со предизвиците и проблемите со кои се соочува Општина Гостивар, за реализираните проекти и оние кои планираме да ги спроведеме во наредниот период. Разговаравме за проекти кои може да ги финансира јапонската амбасада,  а за кои ќе треба да конкурираме со разумни предлози”, изјави градоначалникот Таравари по средбата.

Меѓу приоритетните проекти за кои Општина Гостивар планира да аплицира, Таравари ја истакна целосната реконструкција на покривот на основното училиште “Гоце Делчев“ и ставањето во функција на Центарот за аутизам. При оваа прилика, Таравари нагласи дека што се однесува до покривот на училиштето, тоа е надлежност на Министерството за образование и наука, но оттаму не преземаат никакви конкретни чекори во тој поглед.

Амбасадорот Кеико Ханеда смета дека средбата била многу плодна, бидејќи се дискутирало за можноста за спроведување на заеднички проекти, во рамките на пријателството кое неговата земја ја има со Македонија и со многу општини во оваа земја.

“Многу сум среќна што сум тука по покана на градоначалникот на Гостивар. Ова е моја прва официјална посета на овој град. Со градоначалникот имавме многу плодна дискусија, дознав многу работи за градот, разговаравме за важни предизвици и за можноста за соработка. Јапонија има многу добра соработка со многу општини во Македонија. Многу сум задоволна што Гостивар е дел од ова пријателство “, истакна амбасадорката на Јапонија во Скопје.

Градоначалникот Таравари и амбасадорката Ханеда, во придружба на нивните соработници, посетија објекти од значење за културното наследство на градот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток