Фестивалот „Мел Фест“,кој своевремено беше единственото музичко талент шоу во Македонија и надвор од неа, вечерва во полн сјај се враќа на македонската фестивалска сцена.
Елена Петреска, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои ќе настапат на гала вечерта во четврток на 22.11 во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 20.30 часот.
После фестивалот, односно неговата гала вечер, ќе има и изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел Фест“. Она што ќе се случува вечерва е само најава и всушност почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кои ќе стартува пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.
Уметнички директор на фестивалот е нашата пејачка Елена Петреска, а водител на гала вечерта ќе биде Лила Стојановска.