Скопје

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, шест лица лесно повредени

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека девет возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени осум возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи пет биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и тројца возачи поради не поседување зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 65 мандатни платни налози и 57 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток