Скопје

,,Пајакот” собра 21 возилo пред Сити мол

Вчера во периодот од 19.00 до 23.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај преземени се мерки за непрописно паркирани моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје со цел  овозможување нормално одвивање на сообраќајот.

Подигнати се 21 моторно возило  со специјално возило ,,пајак“, врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар,зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток