Магазин

Завршен настан во рамките на Европски денови на културното наследство

На 27 ноември 2018 година, со почеток во 11:00 часот, во Музејот на Македонија ќе се организаира завршниот настан во рамките на овогодинешното одбележување на Европските денови на културното наследство. Во таа пригода, ќе се одржи презентација за организрање на манифестацијата во Словенија. Во 13:00 часот ќе биде отворена изложбата под наслов: „Европските денови на културното наследство во Словенија низ плакати“. Изложбата ќе ја отвори д-р Елеонора Петрова, дирекотр на Управата за заштита а културното наследство

Покрај тоа, во 14:00 часот ќе биде одржана презентација под наслов: „Интерпретирање на наследството“ и ќе бидат доделени благодарници на институции и поединци за учеството во манифестацијата.

Настанот се организира со цел да се прошират сознанијата за различните начини на реализација на овој проект во различни европски земји

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток