АА: СДСМ и ВМРО го сочуваа ДУИ како бела мечка, поштедувајќи ги од правдата корумпираните функционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DUIII

Секогаш кога ДУИ како дел од 20-годишната власт е апострофирана како одговорна за негираната правда на многу Албанци кои како невини се осудуваат со затворски казни кадешто по затворите дури ја доживуваат смрта во очекување на правдата, како што беше случајот со покојниот Реџаил Ќерими, ДУИ се обидува невините да ги направи дури и жртви, велат од Алијанса за Албанците

— реклама —

„ДУИ, неможејќи да ги издржи критиките на јавното мислење и албанските граѓани кои со право го нарушуваат и онака урнатиот имиџ, барајќи одговорност, оваа партија се занимава со импровизации и видеа каде што е критикувана од експоненти на СДСМ и ВМРО и на тој начин се обидува да изиграва жртва и остава впечаток дека некој сака да и нанесе штета.

— реклама —

Ја потсетуваме ДУИ дека токму СДСМ и ВМРО, со кои долго време заедно владееја, го сочуваа овој политички субјект како бела мечка, поштедувајќи ги од правдата корумпираните функционери на ДУИ.

— реклама —

На граѓаните и на целата јавност им е добро познато дека ДУИ никогаш не била оштетена од македонските субјекти, туку постојано била разгалена. Се сеќавате ли на случајот „Пациентот“ на Бујар Османи и на Маѓар Телеком на Али Ахмети!? Случаи кои никогаш не беа отворени, а беа прогласени за застарени, благодарение на политизираните судови и под влијание на судии и обвинители блиски до СДСМ и ВМРО.

Тоа што беше поинтересно, но, во исто време и смешно во видеото објавено меѓу експонентите кои сакаа да ја „оштетат“ ДУИ, беше и еден од нивните коалициски партнери и поранешен кандидат на СДСМ за град Скопје, Петре Шилегов, за кого ДУИ заедно со високи функционери водеа кампања барајќи од Албанците и од нивните гласачи да гласаат за него како кандидат за град Скопје. Каков апсурд и срам во исто време“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања