Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

АА: Владата на Норвешка започна истрага за злоупотреба на пари од Теута Арифи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Тетовскиот огранок на Алијансата на Албанците преку прес-конференција упати обвинувања до Општина Тетово до Владата дека „правеле злоупотреба на средствата на норвешката Влада за расчитување на старата тетовска депонија“, каде денеска теренска посета извршија вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, тетовската градоначалничка Теута Арифи и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка, Гир Јохансен, објави netpress.com.mk .

— реклама —

Според претседателот на огранокот на Алијансата на Албанците во Тетово, Алтрим Мамути, отпадот од Фалише не се носи во Дрисла.

– За жал нашите информации зборуваат дека отпадоците завршуваат во дупки кои се отвараат во полошките полиња, за да се избегне плаќањето во депонијата Дрисла. Со овој чин од една страна се злоупотребуваат средствата, а од друга страна се загадува животната околина. Нашите информации кажуваат дека Владата на Норвешка побарала од нашата Влада, по конкретно од нашиот премиер и од секретарот на Владата и од министерот за животна средина да ги инспектира работите на терен. За жал досега немаат превземено ништо до сега во оваа насока, изјави на прес-конференција Мамути.

— реклама —

Тој додаде дека норвешката Влада започнала истрага.

– Ние имаме информации дека проектот за чистење на одводните води во село Фалише, а кој проект се подржува од норвешката Влада е три милиони евра. Проектот се организира од УНОПС-Норвешка и сега освен набљудувачите од Норвешка имаме и комисија составена од пет члена кои го истражуваат овој проект. Нивната грижа се одобрените три милиона евра во горенаведената локација се за отстранување на отпадоците кои треба да завршат во депонијата Дрисла, рече Мамути.

Од Општина Тетово соопштија дека сите информации околу проектот се веќе објавени на настанот на кој беше присутен и прв секретар на Амбасадата на Норвешка, Геир Јохансен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања