Промени тема
Контакт

Ацевски: Мицкоски и раководството да си поднесат оставки и да се повлечат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв кој го сееше режимот, вели Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

„Ова јавно признание на луѓе од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно - ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни.

Се потврди дека се она што го говоревме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотреби на избирачкиот список, за секоја друга форма на изборно насилство - било точно.

Јавно признание од главните соработници на Груевски, патронот на Мицкоски за злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ е потсетник дека не смееме никогаш повеќе да ни се повтори оваа партија на власт.

Но, ова е помалиот проблем. Поголемиот проблем е што во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште има лица за кои има повеќе обвиненија.

Таков е Антонио Милошоски, кој е член и на Извршниот комитет, таков е Игор Јанушев. Поголем проблем е што останатите инволвирани во овој случај сеуште не ја признаваат вината а очигледно е дека се длабоко инкриминирани. Како Илија Димовски кој секојдневно настапува во име на партијата.

Христијан Мицкоски, кој беше советник на Груевски и негов генерален секретар треба да излезе пред граѓаните и јавно да им се извини.

— реклама —

Итно мора да поднесат оставки сите кои се на било кој начин поврзани со овие веќе осудени лица кои сами признаваат вина.

Оваа шминка и паничните соопштенија во кои се дистанцираат од своите сопартијци е очаен обид да се иземат од одговорност.

Почитувани,

— реклама —

Го повикуваме Христијан Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки и да се повлечат.

Второ, по вчерашните признанија, ги повикуваме сите останати од овој случај но и другите осудени во други случаи да понесат одговорност и признаат вина како нивните колеги. Тоа е добро за демократијата, за партијата и конечно за граѓаните.

Трето, итно да прекинат со притисоци врз судството кои постојано ги прават со цел се спасат од прогон или ги намалат казните.

Четврто, се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира ќе остане истата партија која ја киднапираше државата.

— реклама —

Почитувани,

Беа потребни шест години за државата да стане демократска и да не биде повеќе хибриден режим, титула која ја добивме благодарение токму на ова исто ВМРО-ДПМНЕ. Сега е веќе јасно и потврдено од самите нив што правеле и што би сакале да направат со државата. Ова нема да го дозволим.е

За крај, апелираме на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од бивши политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозицијата. Правдата мора конечно да надвладее, случаевите ефикасно и брзо да се процесоираат бидејќи само така ќе имаме одговорни политичари и систем кој функционира“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања