АЦВ: Експретседателот на Казахстан не избегал со авион што во Киргистан слетал од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
avion-poletanje-let

Не е точно дека поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев избегал со авион што во Бишкек, Киргистан слетал од Македонија, изјавиле за СДК.мк од македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ).

— реклама —

Руската агенција РИА Новости вчера објави дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, слетале на киргистанскиот аеродром Манас во Бишкек, едниот од Македонија, а другиот од Обединети Арапски Емирати. По кусо време, двата авиона заминале од Киргистан.

— реклама —

АЦВ тврди дека на 7 јануари имало лет од Скопје за аеродромот Манас во Бишкек со 3 патници, авионот дошол од Истанбул и заминал за Бишкек и нема никаква врска со Казахстан, експретседателот Назарбаев и евентуалното негово пребегнување.

— реклама —

Според АЦВ, станува збор за најавен и одобрен бизнис лет со авион од типот „бомбардиер глобал експрес“ од турски оператор што ги исполнува сите услови и барања, односно што ја доставил целокупната потребна документација за да добие одобрение од македонските воздухопловни власти.

Рутата по која се движел авионот ја нема на официјалните воздухопловни веб страници што го следат авиосообраќајот на радар.

Од МВР за СДК.мк изјавиле дека станува збор за киргистанска делегација со ВИП личности што била во посета на македонска мултинационална компанија, којашто дошла со редовна линија на „Туркиш ерлајнс“. Меѓутоа, еден од членовите на делегацијата морал итно да се врати дома и затоа од Киргистан му обезбедиле лет со приватен авион што го изнајмиле во Турција. Другите членови на делегацијата останале.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања