Промени тема
Контакт

Адеми од ДУИ: Се толерирал говор на омраза на натпреварот Вардар-Башкими, а специјалци се користеле да се спротистават на клубот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
ademi

Арбер Адеми од ДУИ реагираше по два, како што ги оцени, сериозни инциденти во македонскиот фудбал, наведувајќи дека тие не се случајни, туку директна последица на неказнивоста и, како што рече, тивкото охрабрување на оние што ги кршат правилата и поттикнуваат омраза.

— реклама —

„Кога на натпревар меѓу Вардар и Башкими се толерира отворен говор на омраза и дури се користат специјални единици против претставници на клубот Башкими, додека играта продолжува како ништо да не се случило, пораката е јасна – стандардите не важат еднакво за сите“, изјави Адеми.

Тој посочи и на друг натпревар, меѓу Шкендија од Харачина и Преспа, каде, според него, било побарано отстранување на албанското знаме со образложение дека „има наредба од горе“, иако, како што нагласи, законот го регулира користењето на симболите.

— реклама —

„Проблемот не е спортски, туку политички“, рече Адеми, додавајќи дека ваквите појави се повторуваат затоа што никој не сноси одговорност.

— реклама —

Според него, лицата што постапуваат на ваков начин не само што не се санкционираат, туку, како што тврди, често се унапредуваат, сè додека се во линија со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Адеми оцени дека станува збор за прашање на достоинство и еднаквост, а не само за спортско ривалство, повикувајќи ги фудбалските институции да се дистанцираат од, како што рече, политички притисоци и да воспостават еднакви стандарди за сите.

media-libraryv39caod9apsdbhZoT0L

(Видео) Вардар – Башкими заврши со скандал: Плукање кон судијата и упад на исклучено лице

Тензичен финиш и физичка пресметка го одбележаа натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига, одигран на Тренинг-центарот на ФФМ. Инцидентот се случи во 87. минута, кога страстите целосно излегоа од контрола.Сè започна по старт на Матиќ, кој првично беше санкциониран со жолт картон. Набрзо, по бурна реакција и гестикулации, директен црвен картон доби играчот на Башкими со број 3, Реџеп Мурати. Стоперот на кумановскиот тим реагираше во неверувањ

Спорт | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj543rtpfria9c0UlVPf

Марш за Халанд: „60 милиони? Аха, како да не!“

Спорт | пред 6 дена

— реклама —
media-library8bs5pr1lmaq0dZrT3uH

Трет пораз по ред за Македонија, седум натпревари без гол: Седлоски призна – Шкотска беше побрза, подобра и посилна

Спорт | пред 1 седмица

media-library059pdkkjlhot26n0JsH

Манчестер Сити поднесе жалба на одлуката за кршење на финансиските правила во Премиер лигата

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryjuln4bdm7u63aLoEn0c

Клоп за случајот со Манчестер сити: „Моето почитување кон Гвардиола и Сити е преголемо за да кажам нешто“

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања