Министерот за култура Асаф Адеми, кој е кадар на Беса, поднел оставка од функцијата. Тој веќе ја депонирал оставката, но нема да биде избран негов наследник до изборите. Моментно Адеми не оди на работа и го користи одморот.
Инаку Адеми вели дека се повлекува од функцијата поради здравствени причини, иако шпекулациите се дека Адеми е разочаран од тоа што мораше да ја измени годишната програма за доделување на средства во културата. Тој цврсто застана во одбрана на конкурсот и доделенеите пари, но во јавноста, нема дилема, одлуката и распределбата беа оценети како контроверзни.
Но, нема само Адеми да ја напушти Владата. Неофицијално дознаваме дека по изборите ќе има реконструкција на Владата. Засега како спорни министрества каде ќе има промена се спомнуваат министерството за животна средина и просторно планирање и министестерствот за образование, поточно, замена ќе се бара за Садула Дураку кадар на ДУИ, Арбер Адеми исто така кадар од ДУИ.