„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Адреса на илјадници македонци кои добиле бугарски пасош била бандера за струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
bugarski-pasos

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.

— реклама —

Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.

Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.

— реклама —

Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.

Во октомври бугарската полиција уапси неколку видни имиња, меѓу кои и Петар Харалампиев, директорот на на државната Агенција за Бугарите во странство. Но Матева вели дека со неговото апсење ништо не престанало и сè уште се плаќа од 500 до 7.000 евра, и тоа не само од измамниците, туку мито се бара и од луѓе на кои им е целата документација средена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања