Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Адвокатот Јанаки за шестемина битолчани кои ловеле педофили: „Наместо да ги гонат, треба да ги пофалат. Ловеле педофили, а завршија со пријави“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Коментари
media-librarye9125i9mqpt60rWZJIp

Адвокатот Јанаки Митровски на социјалните мрежи остро реагираше по кривичната пријава против шест лица од Битола, кои креирале лажен профил на 14-годишно девојче и преку него договарале средби со мажи, по што ги снимале и објавувале на социјалните мрежи.

„Битолската полиција уапсила шест златни деца од Битола кои, види бога ти, ја работеле нивната работа. Креирале лажен профил на 14-годишно девојче и ловеле педофили“, напиша Митровски.

— реклама —

Тој ги оспорува делата што им се ставаат на товар, меѓу кои насилство, злоупотреба на лични податоци, неовластено снимање и самовластие, поставувајќи прашања дали воопшто постојат елементи за такви обвиненија.

Според адвокатот, наместо кривични пријави, младите требало да бидат пофалени за своите постапки.

— реклама —

„Наместо пријава, битолската полиција треба да ги части децава. Не чувме само за кој педофил пуштија пријава. Ја'к! Слобода за децата!“, порача Митровски.

Претходно, СВР Битола соопшти дека против пет полнолетни лица и еден малолетник е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

akademik-10

Ќе чуеме ли некој интелектуалец Албанец да излезе со осуда на племенското однесување на Слупчанци, прашува Јанаки

Коментари | пред 2 години

— реклама —
bolnica-bitola

„Има интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста и да ја претстават родилката како агресивна“, адвокат со шокантни тврдења

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања