Адвокатот Јовица Страшевски и член на ВМРО-ДПМНЕ, познат како критичар на актуелното раководство на партијата, но и кој повикува да престане поделбата на љупчовисти, грујовисти и мицковисти, побара од лидерот Христијан Мицкоски да одговори на неколку прашања по вчерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.
-Заев, шефот на Мицкоски, во емисијата кажа дека штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во координација поради агендите и поради се, а сето тоа да го знае јавноста, на која изјава Мицкоски беше само нем глув послушник. Мицкоски да не бега од одговорност и вистината! Веднаш итно да даде одговори на неколку прашања бидејќи има морална обврска пред јавноста, членството како и пред симпатизерите и подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ:
1.Во каква кординација се штабовите на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ?
Кои заеднички агенди ги имаат штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ?
3.Што се друго договараат?
Дали Заев шефот на Мицкоски, преку кординации на партиските штабови ги договорил “независните кандидати” за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ, како и многуте кандидати поставени на добитни места на листите на ВМРО ДПМНЕ, кои се ставени на листите, а никогаш и не биле ВМРО ДПМНЕ, прашува Страшевски.