„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

АЕК: Малолетниците поминуваат над 5 часа на интернет дневно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kompjuter

Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, само 29,5% ја знаат брзината на интернет конекцијата што треба операторот да ја обезбеди, а од нив 76,8% сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество на податоци од интернет провајдерот велат од Агенцијата за електронски комуникации

— реклама —

Во последните четири години, може да се забележи тренд на раст на бројот на испитаници кои се соочиле со некаков проблем при користење на интернет во домаќинството, односно во 2022 само 29% од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција водомаќинството. Најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (34,2%), прекини/недостапност науслугата (30,6%), и проблеми со техничката опрема. Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 38,4% од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и за 55,7% од нив проблемот поради кој пријавиле бил отстранет истиот ден.

Во последните четири години се забележува тренд на раст во бројот на домаќинства каде интернет пристапот го користат и малолетни лица. Во 2022 година, дури 43,2% од испитаниците одговориле дела малолетни лица користат интернет во нивното домаќинство, а кај дури 85,6% од нив малолетните лица користат интернет секој ден. Според 39% испитаниците малолетните лица во нивното домаќинство во просек поминуваат и повеќе од 5 часа приклучени на интернет.

— реклама —

Приближно половина од испитаниците или 46,3% знаат дека постои програм за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет. Од нив само 10,2% имаат веќе инсталирано таков софтвер, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, околу 61% би инсталирале. Околу 10% од испитаниците кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, знаат каде може да го најдат тој софтвер.

Околу 27% од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот провајдер, а 30,7% од испитаниците се изјасниле дека се потполно задоволни со одговорот кој го добиле од интернет провајдерот. Само 1,6% од домаќинствата со пристап до интернет упатиле писмен приговор до интернет провајдерот“, информираат од АЕК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања