Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Аеродромци не дозволуваат зависници од дрога да се лекуваат во нивната општина, стравуваат дека децата ќе им бидат нападнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
droga-zaviscni-protest-aerodrom

Зависниците од дроги кои треба да се лекуваат во поликлиниката Јане Сандански, не се добредојдени за локалните жители. Тие денес на протест побараа министерот Филипче да ја поништи одлуката, бидејќи како што велат, во близина има улилишта и градинки, па стравуваат дека нивните деца можат да бидат нападнати.

— реклама —

„Овој протест е револт по одлуката на министерот Филипче тука да се лечат зависници од дрога. Мислим дека моите деца можат да бидат нападнати од зависници, бидејќи сум видела како се лечат, а притоа, бараат пари. Нека се отворат посебни места каде ќе примаат терапија. На пример во Драчево или Лисиче. Таму нека се лечат, таму каде нема многу население. Три простории можат да се напраат за три месеци“, вели Оливера Стефановска, жителка на Аеродром.

На протестот беше и ексградоначалникот Ивица Коневски кој ги поддржа протестите. Тој вели дека масовноста ќе се зголемува.

— реклама —

„Сметаме дека одлуката е скандалозна бидејќи објективно проблемот на Кисела Вода ќе биде решен, но ќе биде префрлен на други три места. Тоа секојдневие кое го има во Кисела Вода ќе се префрли тука. Бараме одлуката да се повлече. Решението треба да го најде Филипче. Масовноста ќе се зголемува од ден на ден ако одлуката не се промени. Нема расположение ниту зависниците привремено да останат тука“, рече поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој беше присутен на протестот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања