Агенција за управување со одземен имот: ВМРО-ДПМНЕ лаже, АД Славија лани заврши со минус 11.689 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-21-170657

Агенција за управување со одземен имот вели дека ВМРО-ДПМНЕ со денови ја лаже и манипулира јавноста, за да избегне одговорност за распродажбата на објектите со кои ја обезвредни АД Славија

— реклама —

„Груба лага и манипулација се врши од страна на ВМРО ДПМНЕ со денови наназад, кои преку прес-конференции изнесуваат невистини.

— реклама —

На денешната прес-конференција ВМРО ДПМНЕ изнесе лага дека на сметката на АД Славија во моментов има над 100 000 евра. Во сите изводи извадени од АД Славија, кои ви ги обезбедуваме во прилог, моментално има 1 167 315,00 мкд или 18 919 евра кои се користат за исплата на режиски трошоци и плати. Манипулацијата на денешниот портпарол, се состои во тоа што ја прикажуваат приходната а не и расходната страна на АД Славија.

— реклама —

Дополнителна лага беше изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која тврдеше дека АД Славија имала годишен профит од 800 000 евра. АД Славија минатата година во својата завршна сметка, годината 2020 ја има завршено со минус 718 849,00 мкд (11 689 евра). Приходите кои ги остварува АД Славија се користат воглавно за подмирување на плати и придонеси, како и за режиски трошоци.

ВМРО ДПМНЕ се уште и должи одговори на јавноста, како ги раскрчми најатрактивните локации на АД Славија, тајно и зад затворени врати скриени од јавноста, по ниски цени. Ги повикуваме ВМРО ДПМНЕ да и одговорат на јавноста, кому и по кои цени го распродадоа над 70% од имотот на АД Славија и со тоа ја обезвредија без да ги намират долговите кон сите вработени.

Во деновите што следат ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да одговори и други прашања кои произлегуваат од фактите до кои дојде Агенцијата анализирајќи ја документацијата на АД Славија, а за кои ќе ја известиме јавноста многу наскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања