„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Агенцијата за храна и ветеринарство ја затвори кујната на плажата „Оревче“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ohrid

Агенцијата за храна и ветеринарство ја затвори кујната на плажата која работи под брендот „Оревче“. Од агенциијата велат дека нашле неправилности, но детали најавија за подоцна. Охрид 1, меѓу другото праша во АХВ дали кујната работела со издадено решение за подготовка на храна, како и кога е издадено и до кога важи. За сите прашања, портпаролката најави детали во текот на денот.

— реклама —

Се обративме и до менаџерот на „Оревче“ Љубиша Арсиќ, кој потрди дека дошла инспекција и даде објаснување кое ви го пренесуваме во целост:

Почитувани, во врска со вашето прашање околу посетата на инспекторите за храна и ветеринарство ве известувам за следново.

— реклама —

По извршените проверки беше констатирано дека треба да направиме анализа на водата која ја користиме како техничка, а ја вадиме од извор во близина на плажата, со цел да провериме дали е исправна. Ние за денеска во 17 часот закажавме лиценцирана фирма кој ќе ги направи анализите и согласно резултатите ќе преземеме соодветни мерки, во смисла поставување на УВ ламби и прочистувачи со хлор доколку е тоа неопходно.

Денеска ние нема да ја користиме водата, и ќе служиме пијалок во лименки и пластични чаши.

Откако ќе ја надминеме ситуацијата ќе продолжиме да ја користиме водата. Напоменувам дека водата се користи исклучиво како техничка и воопшто не ја даваме на гости за пиење.

Друга работа која ни е наложена е до понеделник да предадеме кај надлежните институции договор за закуп на парцелата, што секако го поседуваме веќе 12 години и ќе биде навремено доставен, пишува во објаснувањето од Арсиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања