Промени тема
Контакт

Агонијата со изборот на судија во Стразбур продолжува, Комисијата да размисли за оставка, вели Туфегџиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Коментари
Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Адвокатот Владимир Туфегџиќ оцени дека процесот за избор на судија во Европскиот суд за човекови права продолжува со зголемени тензии и нервоза и дека последната јавна конфронтација дополнително го нарушува впечатокот за правичност и непристрасност на постапката.

Тој потсетува дека првиот оглас бил поништен, а кандидатите, според него, не добиле образложение зошто не ги исполнуваат условите.

„Агонијата со изборот на судија во европскиот суд за човековите права продолжува со зголемена доза на тензии и нервоза“, пишува Туфегџиќ.

Според него, јавната конфронтација во вториот оглас не е добра ниту за Комисијата ниту за државата, а особено проблематичен го смета нервозниот пристап во комуникацијата.

— реклама —

Туфегџиќ наведува дека не е упатно кандидат во текот на изборната постапка јавно да изнесува мислења, бидејќи тоа може да се смета за отстапување од строгите стандарди на професионално однесување.

Но, истовремено, според него, не е прифатливо ниту Комисијата јавно да влегува во конфронтација и да изнесува оформено негативно мислење и непријателски став кон кандидатот.

„Според моето мислење, кандидатот има успешна мисија, ако тоа му било целта, во насока на дискредитација на правичноста и непристрасноста на целиот процес, бидејќи предизвика јавна конфронтација и непријателски став од тој што треба да биде непристрасен и објективен“, оценува Туфегџиќ.

— реклама —

Тој смета дека ваквиот развој на настаните може да остави сериозен впечаток и надвор од државата.

„Сигурен сум дека европските емисари го следат внимателно и овој дел од процесот и секако дека ќе го имаат предвид“, наведува адвокатот.

— реклама —

На крајот, Туфегџиќ го отвора и прашањето дали Комисијата треба да размисли за поништување на огласот и оставка.

„После сите случувања се поставува прашањето дали е време Комисијата да размисли да го поништи огласот и да поднесе оставка за да се заштити угледот и дигнитетот на изборниот процес. Сепак се бира судија во Стразбур“, пишува Туфегџиќ.=

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library6124ohddse0s46E5VSa

Туфегџиќ за гужвите поради казните: „Балканска ирационалност и инает на сопствена штета“

Коментари | пред 5 дена

tufegdzik-15

Туфегџиќ: Уставниот суд создаде амбиент на вина за судија уште пред постапка

Коментари | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

ЕУ ја убедивме дека измените на КЗ се привремени, а тие трајно ги намалија казните за старите предмети, вели Туфегџиќ

Коментари | пред 1 месец

gjorceski-2

Адвокатот на Александар Ѓорчевски: Од првиот ден е проектиран однапред да биде осуден

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања