Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

АХВ ги демантира тврдењата за отворени јами: „Секоја веднаш се затрупува и дезинфицира“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги отфрла како неточни тврдењата дека јами за нештетно отстранување на угинати и евтаназирани овци и кози остануваат отворени со денови и дека кучиња разнесуваат животински трупови.

— реклама —

Од АХВ реагираат на изјавата на претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Насер Џемаили, дадена во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Од институцијата категорично тврдат дека јамата во близина на која е дадена изјавата не била оставена отворена по отстранувањето на животните.

— реклама —

Според АХВ, секоја јама што се користи за оваа намена веднаш се затрупува по ставањето на угинатите или евтаназираните животни, без исклучок. Истиот ден се врши и дезинфекција на јамата, како и на опремата и механизацијата употребени при постапката.

— реклама —

Од АХВ посочуваат дека евентуалните трупови на угинати животни што може да се најдат на терен би можеле да потекнуваат од несовесни сточари кои не ги пријавуваат угинувањата и ги оставаат животните на местото каде што угинале. Оттаму предупредуваат дека ваквото постапување претставува сериозен ризик за ширење на сипаници кај овците и козите.

Агенцијата апелира до сточарите веднаш да пријават доколку забележат клинички знаци што упатуваат на сомнеж за болеста. Пријавувањето треба да се направи до надлежното ветеринарно друштво или до официјален ветеринар на АХВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања