„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Аирлија амнестија, во очекување на Халиевата комета!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
saso-ordanovski

Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат.

— реклама —

Напишано од  Сашо Орданоски

Ете, дојдовме и до таа точка: најавата на премиерот Зоран Заев за помирување, завршува со амнестија. Тоа (дека е амнестија) го тврдевме уште од моментот кога Заев за прв пат го изусти помирувањето во Собранието.

— реклама —

Целата оваа операција говори многу за тоа како функционира Заев политички. Речиси е сигурно дека тој се потврдува како мошне контроверзен политичар, флексибилен и кога треба да се економизира со вистината до мерка што може да го доведе самиот концепт на тој општествен феномен во прашање, но секогаш прагматично ориентиран, ласерски фокусиран кон постигнување на резултат. Во случајов, тој резултат може доволно растегливо да се толкува како „општо добро“, врз основа на националниот политички консензус за членство на земјава во НАТО и ЕУ.

Има нешто (и ова не го кажувам сефте) во тоа негово струмичко потекло, тој ендемски унијатски дух што пирка таму, таа една протестантска прагматичност која ја имаше и методистот Борис Трајковски. И социјалдемократи и вмровци, таму како сите од ист казан по слави да сркале, како од иста крава млеко да молзеле, па некако практичноста и крајниот успех, а не недостижните морални императиви, им го дефинираат политичкиот концепт. Нема дескрипции, сентименти и фрустрации – потрагата е по решенија и ефект!

Раскажува еден висок американски дипломат: „Пред дванаесет месеци да ми кажевте дека Македонија ќе биде членка на НАТО за година-две, ќе се искинев од смеење! Верувале или не, денеска тоа е реалност!“… За ваква прагматичност ви говорам. Американците се вљубени во оние кои вакво нешто можат да испорачаат во политиката. Русите преферираат свирење балалајки.

Да нема дилеми, оваа амнестија нема да доведе до никакво помирување. Тоа е едно политичко тра-ла-ла згодно за „камуфлирање“ на политичкиот пазар. Значи, помирување ќе нема – освен помеѓу некои луѓе кои седат во собраниските клупи, можеби – но, затоа, од неа ќе има две конкретни политички последици: прво, ќе се олесни процесот во добивање двотретинско мнозинство за неопходните промени на Уставот, за да помине „Преспанскиот договор“; и, второ, ќе се оштети правната држава до степен што, во јавноста, повторно ќе го доведе во прашање концептот за тоа дека во Македонија пред законот се сите исти. Мнозинство ќе има; пред законот не сме сите исти.

Парадоксално, од таквото решение можно е подеднакво незадоволни да излезат и искрените учесници во „Шарената револуција“ и искрените учесници во контра-шарените протести, оти во паролата „Нема правда, нема мир!“ ќе останат разликите во дефинирањето на правдата, а за недостатокот од мир сите брзо ќе се согласат. Затоа кукавичкото бегство на Груевски (и уживанцијата во Будимпешта) ги дотепа „патриотите“, бидејќи неговото заминување в затвор ќе им го дефинираше нивниот концепт за (не)правда. Вака, „шарените“ се, барем, морални победници.

Од друга страна, опипливоста на аргументите за „продавање“ на ваквиот исход на овој собраниски пазар се многу подобри на страната на СДСМ на Заев, одошто конфузијата што ја нуди она што остана од ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски. Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат. Тоа го доведува во ситуација Мицкоски да изгледа како шутрак, качен на гајби секоја среда на протестите пред Владата.

Во крајна линија, тоа не е мала разлика. Но, само во крајна линија. Бидејќи, ако во сосема догледна иднина не стигнат опипливи резултати од овие тра-ла-ла собраниски пазарења, вратата за скорешно појавување на некој нов, неочекуван популистички лидер останува многу широко отворена. Ќе се вивне на небото како најблескава Халиева комета чиј сјај, барем за една употреба, убедливо ќе ги засени сите постоечки демагози во Македонија!

Извор: Цивил медиа

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања