Акција за организиран криминал: 11 уапсени, 33 осомничени за злоупотреби тешки 7,6 милиони евра во ЕСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Единаесет лица се уапсени, а против вкупно 33 лица е отворена истражна постапка поради сомнеж за сериозен организиран криминал поврзан со јавни набавки во ЕСМ Дистрибуција на топлина, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

— реклама —

Акцијата била спроведена во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември и во текот на вчерашниот ден, на повеќе локации во Скопје и околината, Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани, под раководство на јавен обвинител и со учество на полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал при МВР.

33 осомничени за злосторничко здружување

Според Обвинителството, сите 33 лица се осомничени за кривично дело „Злосторничко здружување“, при што:

— реклама —
  • 7 лица се осомничени како помагачи или поттикнувачи за продолжено кривично дело злоупотреба на постапка за јавна набавка,

  • 12 лица се товарат за продолжена злоупотреба на службена положба и овластување,

  • 20 лица се осомничени како соизвршители за перење пари и други приноси од казниво дело.

  • Според наводите во истрагата, во текот на 2023 година, тројца службени лица вработени во ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, заедно со четворица управители и/или сопственици на две приватни компании, формирале организирана група со цел изигрување на постапките за јавни набавки.

    Групата однапред изготвила техничка спецификација за набавка на „СКАД ормари – мониторинг ормари со ГСМ контролор за топлински станици“, со што, според Обвинителството, била наместена постапката за конкретни фирми.

    На јавниот повик се пријавиле две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово. Компанијата од Куманово доставила нецелосна документација и повисока понуда, додека скопската фирма понудила цена речиси идентична со проценетата вредност на набавката, иако таа вредност не била јавно објавена.

    Со тоа, било овозможено скопската фирма да го добие тендерот, со што се стекнала со противправна имотна корист од 472.470.407 денари со ДДВ, односно околу 7,68 милиони евра, на штета на буџетот на ЕСМ Дистрибуција на топлина.

    По реализацијата на јавната набавка, во периодот од 2023 до 2025 година, осомничените, со цел прикривање на потеклото на средствата, пуштиле во оптек, примиле и пренеле 125.556.930 денари, односно околу 2,04 милиони евра, со што, според обвинителството, го оствариле кривичното дело перење пари.

  • По предлог на јавниот обвинител, Основниот кривичен суд Скопје прифатил мерки:

    • 7 лица добија притвор,

    • за 6 лица се изречени мерки за обезбедување присуство во постапката.

    Обвинителството најавува продолжување на истрагата и дополнителни дејствија во предметот

media-library4cs1nq6ofkh13QXNepr

Ноќна полициска акција: Приведен и ексдиректор на ДУИ за финансиски проневери

Во ноќна полициска акција е уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги, дознава „Скопје1“.Заедно со Дардишта се уапсени уште неколку лица, а паралелно се извршени и претреси на повеќе локации низ државата. Од Јавното обвинителство засега не соопштуваат детали за идентитетот на другите приведени.Бујар Дардишта е кадар на ДУИ и во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираат дека акцијата се спроведува под раководство на јавен обвинител, а во неа учествуваат полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР.„Од ноќеска се преземаат координирани активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од финансиско-економска природа“, соопштија од ОЈО ГОКК.Од Обвинителството најавуваат дека повеќе информации ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

h_54384372-220098

Дрога спакувана во најлонски и книжни омоти во пластична кофа под маса – четворица осомничени за трговија во Валандовско

Македонија | пред 4 дена

media-libraryfp5vj1n9ak0i9uUU1ss

Таткото на загинатата Надица со остра порака до адвокатката нa Деко: Кога кажавте дека тој е човек а не монструм беше најболна реченица досега

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тензичен старт на судењето за “Пулс”: доцнење на спровод на обвинети од тетовскиот затвор го одложи стартот, судијката не сакаше да слуша објаснувања и ги искара полицајците

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Системски пропусти и човечка трагедија: продолжува процесот за пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања