Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Ако Арсовска победи ветува дека одговор на барањата ќе се дава од 24 до 72 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_20211025_114143_064

„Граѓаните во секое време ќе можат да проверат што се случува со нивното барање, а одговор ќе добиваат во рок од 24-72 часа. Административните услуги ќе бидат достапни електронски со едноставни постапки, без обврска за одење во општината. Чекањето во редици и трчањето од шалтер до шалтер ќе биде минато благодарение на дигитализацијата и новата едношалтерска услуга. Во исто време за граѓаните кои не користат дигитални решенија ќе биде на располагање канцеларија отворена 24 часа во служба на граѓаните. Додека пак апликацијата ќе обезбеди и опции за пријавување дефекти во јавната инфраструктура, пријавување диви депонии или повикување општински служби и ќе биде

поврзана со системот за дигитален мониторинг во сообраќајот овозможувајќи брзо детектирање на достапните места за паркирање“- истакна независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција што ја одржа пред градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

— реклама —

Со реализација на дел од проектите од програмата за модерно Скопје и со новата апликација на Град Скопје, таа кажа дека градот ќе се трансформира во Град на дигитални можности, со целосна дигитализација на администрацијата за јавните услуги да бидат побрзи, поефикасни и потранспарентни.

— реклама —

Во исто време, таа најави реновирање, модернизација и реконструкција на градската библиотека, со подобрен пристап до интернет, поголема база на стручни списанија и подобрување на инвертарот. Уште кажа дека во исто време е предвидена и нова библиотека во Аеродром, опремена со најмодерна техничко-технолошка опрема, како и нови современи читални во повеќе скопски општини.

— реклама —

За новиот ИТ-центар во Аеродром, Арсовска кажа дека ќе им овозможи на повеќе од 1000 млади граѓани годишно да добијат пристап до стручни обуки во ИКТ секторот, а во рамките на надлежностите, Градот Скопје ќе ги поддржи малите и средните претпријатија во креирање дигитални решенија како што се е-трговија, развој на услуги за испорака базирани на апликации и други дигитални иновации.

„Како иден градоначалник на Скопје мојата цел е граѓаните да живеат во модерна, европска метропола, што ќе значи повисок квалитет на живот, модерна инфраструктура, одржливи решенија за сообраќајните проблеми и заштита на животната средина“ – заклучи Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања