ЈП Градски паркинг- Скопје ги извести корисниците на зонското паркирање дека понекогаш претпријатието се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците. Станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање.
„Во овој случај, важно е корисниците на паркингот да не го напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка“, велат од Градски паркинг.
Граѓаните реагираа на социјалните мрежи во врска со овој проблем и велат дека и во случај да седиш во возилото, тоа значи дека ќе наплати до моментот на обработка на пораката, и на крај ќе ти кажат дека уствари ти си бил паркиран цело време додека да добиеш порака за крај.
https://twitter.com/kumrovecot/status/1493561367395278851
https://twitter.com/MinaNaSlavko/status/1493589496524324866
https://twitter.com/GPockov/status/1493498509550669825
https://twitter.com/Rexxoth/status/1493532115367047170
https://twitter.com/TojSoSlikite/status/1493554286202130435
https://twitter.com/metodij_a/status/1493543436254863361