Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе немаше да купуваме енергија по 17 денари, вели Николов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
elem

Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе и имавме доволно домашно производство немаше да купуваме енергија по 17 денари, за да ја продаваме 3,5 денари, туку ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена. Но наместо вистината, претседателот на РКЕ се слика и дава интервјуа за правдање на укинувањето на дневната евтина тарифа, вели Горан Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

— реклама —

„Неуспехот на СДСМ во менаџирањето на енергетските компании се сведе на грбот на народот. Зголемувањето од 9,84%, заедно со укинувањето на дневната евтина тарифа се само дел од колапсот што го предизвикаа неспособните кадри на СДСМ.

За жал и компаниите кои набавуваат на слободниот пазар не се во подобра позиција. СДСМ ги остави да тонат во долгови поради пропаѓање на снабдувачите и повисоките цени на берзите, под изговор дека се работи за облигациони односи.

— реклама —

Сакаме да ги потсетиме дека во услови на прогласена електроенергетска криза требаше да се помогне и на компаниите кои не се дел од регулираниот пазар. Но, за жал СДСМ отсекогаш сакала само евтини ПР кампањи и „бонбона“ бизниси. Затоа ја донесоа енергетиката до оваа состојба, за што народот уште долго време ќе чувствува последици.

— реклама —

Едно е јасно!

За да се спаси она што е останато, неопходни се промени. Потребни се предвремени избори, после кои на местото на оние кои ја уништија енергетиката, ќе дојдат стручни кадри предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат како да решаваат проблеми и да управуваат со енергетиката.

— реклама —

Колку побрзо се случи тоа, толку побрзо Македонија ќе ги реши енергетските проблеми“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања