Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ако не ги вратат телата на убиените заложници, Израел ќе дозволи ограничена хуманитарна помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ
YouTube/Print Screen

Хамас во вторникот врати уште четири тела на израелски заложници како дел од мировниот договор постигнат минатата недела, откако Израел се закани дека ќе ја преполови хуманитарната помош за Газа поради наводно прекршување на договорот од страна на милитантната група, јави Ројтерс.

— реклама —

Израелската армија соопшти дека добила четири ковчези преку Меѓународниот Црвен крст на договорен пункт во северна Газа. Ковчезите, во придружба на војската, биле пренесени преку границата и се испратени на форензичка идентификација.

— реклама —

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, на Фејсбук напиша дека „моментално се надгледува спроведувањето на договорот за предавање на телата, како дел од мировниот план за прекин на војната во Газа“.

— реклама —

Израелските власти соопштија дека поради непочитување на договорот од страна на Хамас, почнувајќи од денеска ќе дозволат само половина од претходно договорените хуманитарни камиони да влезат во Газа. Исто така, е одложено отворањето на јужниот премин кон Египет, кој требаше да овозможи евакуација на ранетите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 5 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања