Промени тема
Контакт

Ако не се влоши состојбата можно е укинување на полициски час и организирање на концерти по 15 јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
20122018_filipce_2

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека можно е од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19.

— реклама —

Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, рече Филипче.

— реклама —

Тој истакна дека станува збор за две работи, а тоа е укинување на полицискиот час, како и протоколите за одржување на настани при што ќе бидат значително олеснети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања