Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ако некој сакал да „испумпува пари“ немало во касата на општина Гази Баба да остави цели 3 милиони евра и ниту денар долг, реагира Георгиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Boris-georgievski

„Ако некој сакал да „испумпува пари“ немало во касата на општина Гази Баба да остави цели 3 милиони евра и ниту денар долг!“, реагира ексградоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Тој додава: „Во отсуство на проекти ВМРО ДПМНЕ неспособноста од своите градоначалници сака да ја прикрие преку изнесување на невистини спакувани во бомбастични лажни афери. Го повикувам новиот градоначалник на Гази Баба да не чека ниту минута и веднаш да формира комисија која на терен ќе изврши надзор за реализацијата на оваа тендерска постапка. Комисијата врз основа на документацијата лесно може да утврди кога и каде се поставени новите улични линии. Најодговорно тврдам дека сите предвидени активности со посочената постапка се уредно извршени за што постојат и соодветни налози. Мојата работа во општината Гази Баба изминатите четири години ја водев домаќински, оставајќи на новиот градоначалник 3 милиони евра полна каса и уште поважно ниту денар долг. Оставајќи општина со започнати проекти за водовод, канализација, нови училишта, сали и детски градинки кои само треба да бидат продолжени.

— реклама —
— реклама —

Граѓаните очекуваат од новите градоначалници резултати, очекуваат конечно новата локална власт предводена во огромен број општини од страна на ВМРО-ДПМНЕ да започне со реализација на дадените ветувања, а не само да се сликате и фалите со проекти започнати од вашите претходници.

— реклама —

На крај барам јавно извинување за искажаните лаги од портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски, во спротивно истите тврдења ќе треба да ги докаже на суд“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања