Доктор Ненад Лазаров се огласи на социјалните мрежи во врска со информацијата дека како јавни набавки за ковид-19 се набавувани производи што не можат лесно да се доведат во врска со пандемијата, како, на пример, службено патничко возило со кожен волан, шест звучници и металик боја.
„Не спиевме со денови за да обезбедиме и донираме заштитна опрема, штампаа луѓе на 3Д принтери заштитни визири со ноќи за да помогнат, БЕЗ ДЕНАР да побараат, дури и фабричко производство организиравме и делевме бесплатно, со лични коли од Пехчево до Ресен, плачеа и молеа колеги за помош, секоја едно парче заштитна опрема го споделивме, додека некој профитирал дебело а други лечеле фрустрации од мал пенис со купување аута на народна сметка. Ако ова не е ратно профитерство, не знам што е, арам да ви е“, стои во објавата.