Промени тема
Контакт

Ако повеќе работеа, автопатот Кичево-Охрид ќе беше изграден, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20160610145505-1024x502

Што може да се очекува од човек кој што главна водилка во неговата политичка кариера се тендерите, провизиите и куферчињата, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Заев дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

— реклама —

Претседателот Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев и СДСМ малку повеќе работеа на проекти, а помалку на провизии и криминал, тогаш до сега автопатот Кичево – Охрид ќе беше изграден.

— реклама —
— реклама —

„Нормално е дека ќе бара одговорност, иако веќе 5 година е власт во државата. Јас не очекувам нешто различно тој да каже отколку да ја префрли топката пред 5, 6, 7, 8, 10 години што се случувало. Во суштина 5 години гледаме многу криминал, многу пљачка, многу наместени тендери и многу куферчиња што се разнесуваат низ Македонија. Доколку повеќе мислеше на работи и проекти, а помалку на куферчиња, криминал и провизии, тогаш автопатот ќе беше веќе готов и немаше да имаме толку луѓе, кои што за жал трагично го загубија својот живот, а охриѓани ќе можеа побрзо да патуваат и всушност сите оние туристи кои што сакаат да дојдат во Охрид ќе можеа побрзо да стигнат. Но, за жал уште малку ќе треба да ја истрпиме оваа власт на СДСМ и Зоран Заев и после 17ти октомври следуваат промени во Македонија на подобро, изјави претседателот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања