Промени тема
Контакт

Ако преминувате улица и зборувате на телефон, чекајте казна - ова се новините во законот кој се менува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
toskovski

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот со кои ќе се забрани користењето на мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите, туку и за пешаците и велосипедистите.

„Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување на коловоз или движење по велосипедска патека,“ изјави министерот.

— реклама —
— реклама —

Тошковски нагласи дека мерките се дел од проектот „Безбеден град“, чија цел е зголемување на безбедноста на улиците и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци. „Со овие измени обезбедуваме поефикасна контрола – записникот со платен налог ќе биде единствен документ за помали прекршоци, а тие ќе се утврдуваат и документираат преку техничка опрема,“ додаде тој.

— реклама —

Проектот „Безбеден град“ е планирано да започне со примена во јануари 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

telefon-1

Зошто телефонот се празни додека спиете? Проверете ги овие функции

Технологија | пред 3 часа

— реклама —
15005740496322c2ddaddb4719616545_wide

Google предупредува: Веднаш ажурирајте ги Pixel телефоните поради опасна безбедносна грешка

Технологија | пред 2 дена

847604461-iphone13pro4ae2c51ca026d7e6458a0a1d214e853e8

Имате еден број, а два iPhone-и? Наскоро тоа нема да биде проблем!

Технологија | пред 2 седмици

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

(Фото) Досега невидено: Телефон што ја менува тастатурата според вашите потреби

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања