Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ако се продолжи со инвестирање во фотонапонски електроцентрали ќе добиеме централи со моќност како ХЕЦ Козјак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Bislimovski

За период од осум месеци Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 50 МW, доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, стопанството за нешто повеќе од една година ќе успее да изгради централи со инсталирана моќност како ХЕЦ Козјак - истакна Марко Бислимоски, претседател на РКЕ на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум.

— реклама —

„Компаниите соочени со високи цени на берзите, станаа проактивни и започнаа да инвестираат во обновливи извори на енергија, особено во фотоволтаични електроцентрали. Само за период од осум месеци РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање ќе имаме 80 до 90 MW до крајот на годинавa, за нешто повеќе од една година се успеа да се изградат централи со инсталирана моќност како ХЕЦ Козјак“ изјави Бислимоски, претседател на РКЕ

— реклама —
— реклама —

Бислимоски посочи дека мора да се продолжи да се инвестира во енергетски капацитети, затоа што со инвестирањето се зголемува енергетската независноста на секоја држава.

„Енергетската криза им покажа на сите земји дека мора да се забрзаат инвестициите во енергетскиот сектор посебно во обновливите извори. Паралелно неопходно е да се реализираат и инвестиции кои ќе обезбедат базна енергија. Станува збор за инвестиции во когенеративни постројки. Поради зголемениот интерес но и можностите кои се нудат, сигурен сум дека во нашиот регион ќе имаме удвојување на вкупниот инсталиран капацитет од овој што е сега и тоа ќе биде исклучиво во обновливи извори на енергија. Оваа криза ќе ни биде поука дека само инвестициите се решение за надминување на енергетската несигурност“ изјави Бислимоски, претседател на РКЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Утре од 8:30 часот без електрична енергија делови од општина Студеничани

Скопје | пред 13 часа

— реклама —
struja-1

Дел од Гази Баба и Драчево денеска без струја

Скопје | пред 19 часа

struja

Утре делови од Скопје без струја – проверете го списокот

Скопје | пред 1 ден

media-librarybrh5qaqjb2lp2m5qmk2

Стабилно е производството на струја, уверува Божиновска

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања