Промени тема
Контакт

Ако срамот имаше второ име ќе се викаше Кацарска-Трпков, омилените судии на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
trpkov-sudija

„Злоупотреби со притвори, изживување со судења кои траат по 12 часа, неосновани апсења, стигматизирања, политички говори во судница, уништувања на семејства и поигрување со нивните судбини, споро убивање на правдата се дел од политичките злодела на дел од партиските судии на Заев, Филипче, СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Ако срамот имаше второ име сигурно тоа ќе се викаше Добрила Кацарска и Илија Трпков.

— реклама —

Со вистинско чудење сеуште се раскажуваат телефонските повици и нарачки кои овие политички извршители ги добивале од Владата на Заев и Филипче во процесите кои ги водеа, а чија цел беше наместо докажување на правда, силна политичка пресметка.

Исто како што се раскажува и сервилноста, понизноста и бесрамноста со која истите судии, слуги на СДС и ДУИ, ги кршеа и газеа процедурите, законите и носеа одлуки со кои зацрнуваа семејства. Се натпреваруваа кој ќе направи поголема штета врз ВМРО-ДПМНЕ во исто време кога милионскиот грабеж на Македонија од Ахмети, Филипче и Заев остануваше неказнет.

— реклама —

Нивните одлуки беа срам и преседан за судството и обвинителството, а за многу помали работи истите тие не само што требаа да бидат разрешени од судии, тие требаат и мораа да се соочат и со кривична одговорност и да бидат ставени на столбот на срамот како ја понижуваа и сопираа правдата.

— реклама —

На сето ова мора да му дојде крај. Токму затоа СДС не ги поддржува судските реформи и не поддржува смена на Коцевски. Затоа што тие се последната брана за правдата која мора и ќе биде победена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 3 дена

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања