Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ако утре патувате на Халкидики, внимавајте: Воведени се нови ограничувања поради пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
plaza-grcija

Ако утре патувате на Халкидики, треба да знаете дека грчките власти воведуваат нови ограничувања поради зголемениот ризик од шумски пожари.

— реклама —

Мерките следуваат по големиот пожар што денеска избувна во Сивири, поради кој беа евакуирани жители и туристи. Од петок, 14 август, привремена забрана за движење на пешаци и возила ќе важи во одредени шумски подрачја во делови од Касандра и Ситонија, во периодот од 8 до 20 часот.

— реклама —

Во Аристотелис, каде што опасноста од пожари е оценета како многу висока, ограничувањето ќе биде во сила до 8 часот в сабота.

Мерките ги опфаќаат делови од Касандра и Ситонија, како и подрачјата меѓу Комица и Уранополис и во близина на Стратони.

— реклама —

Пристапот до шумските патишта ќе го контролира полицијата. На лицата кои ќе бидат затекнати во забранетите подрачја може да им биде наредено да ги напуштат, а за непочитување на мерките е предвидена глоба од 300 евра. Исклучок се волонтерите ангажирани во активности за превенција и гаснење пожари.

— реклама —

За македонските туристи кои веќе се на Халкидики или планираат да патуваат во следните денови, се препорачува внимателно да ги следат официјалните известувања и да ги почитуваат евентуалните наредби за евакуација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 2 дена

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања