Актерката Лиса Кудроу неодамна зборуваше за својата улога во серијата „Пријатели“, откривајќи дека нејзиниот лик Фиби Бафе често бил нарекуван „глупава“.
Во разговор со актерката Лили Томлин за списанието Interview Magazine, Кудроу истакна дека не се согласувала со таквата перцепција.
„Во тоа време беше како: ‘Таа е таква глупача. Како тоа постојано играш глупави ликови?’ А јас си помислив: Дали таа е навистина глупава? За мене не беше“, рече Кудроу, додавајќи дека „сите“ го користеле тој опис за Фиби.
Според неа, ликот бил доживуван така затоа што не се придржувал до општествените правила, а не поради недостаток на интелигенција.
Кудроу призна дека на почетокот тешко се поврзувала со Фиби, но со текот на времето тоа се променило.
„На почетокот беше многу поразлична од мене. Ми требаше многу труд да ги оправдам работите што ги зборуваше и правеше. Со текот на годините, дел од неа ‘влезе’ во мене – станав поопуштена и читав книги за духовност за подобро да ја разберам“, изјави таа.
Серијата, емитувана од 1994 до 2004 година, ги следеше животите на шестмина пријатели во Њујорк, а покрај Кудроу, во неа глумеа и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери.
За својата улога, Кудроу во 1998 година ја освои наградата Еми за најдобра споредна актерка во хумористична серија.