Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Аква паркот кај „Борис Трајковски“ не работи со години, има големи загуби, стара опрема и затворени врати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
Akva-park

Една од најголемите инвестиции во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“ – скопскиот Аква парк – годинава не е во функција. Според извештајот од Државниот завод за ревизија, објектот во 2023 година остварил приходи што биле за 41 отсто пониски од предвиденото, а во 2024 целосно е затворен.

— реклама —

Проблемите се бројни и сериозни – од слаб интерес на посетители, преку нерешени технички и инфраструктурни дефекти, до фактот дека на целата вградена опрема и реквизити веќе им е истечен гарантниот рок. Тоа значи дека изведувачите не одговараат повеќе за евентуални дефекти или оштетувања, поради што објектот не може да биде отворен без ризик и дополнителни трошоци.

— реклама —

Во 2023 година, Аква паркот инкасирал само 4,29 милиони денари. За разлика од него, базенот, лизгалиштето и кугланата при „Борис Трајковски“ бележат континуиран раст на приходите.

— реклама —

Ревизорите констатираат дека Аква паркот, од некаогашна атракција, прераснал во сериозен финансиски товар, а целиот проект се посочува како пример за слабо планирање и неадекватно одржување.

Долг стар една деценија подмирен од државниот буџет

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бил изграден во 2011 година преку заем од Град Скопје во износ од 260 милиони денари, со договорена исплата во три рати уште истата година. Но, поради финансиски потешкотии, објектот не започнал со отплата сè до 2019 година.

Во периодот од 2019 до 2022 година, управителот не успеал да обезбеди средства за самостојно сервисирање на обврските, па долговите биле покриени преку државниот Буџет. Министерството за финансии го зголемило основниот влог на државата во друштвото, со што биле покриени сите три рати. Последната била исплатена во 2023 година.

Ревизијата укажува дека оваа ситуација отвора сериозни прашања за одржливоста на јавните инвестиции и транспарентноста во финансирањето на вакви капитални објекти. И покрај тоа што „Борис Трајковски“ е клучна спортска и конгресна локација, неговото управување покажува дека и национално важни проекти можат да западнат во финансиски проблеми и да зависат од државна интервенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања