Аква паркот кај „Борис Трајковски“ не работи со години, има големи загуби, стара опрема и затворени врати
Една од најголемите инвестиции во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“ – скопскиот Аква парк – годинава не е во функција. Според извештајот од Државниот завод за ревизија, објектот во 2023 година остварил приходи што биле за 41 отсто пониски од предвиденото, а во 2024 целосно е затворен.Проблемите се бројни и сериозни – од слаб интерес на посетители, преку нерешени технички и инфраструктурни дефекти, до фактот дека на целата вградена опрема и реквизити веќе им е истечен гарантниот рок.
Скопје | пред 10 месеци