„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ал Џезира Балканс се одјави по 14 години: „Беше чест да им служиме на гледачите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
milka-majha

По точно 4970 дена постоење, денеска официјално престана со работа Ал Џезира Балканс – регионалната редакција на глобалната медиумска мрежа, која од 2011 година известуваше од Сараево, Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.

— реклама —

Во својата последна програма, редакцијата се обрати до јавноста со емотивна порака:

„Се трудевме да бидеме глас на оние чиј глас не се слуша, остров на вистината, културата, на дијалог и етичкото новинарство. Ништо од тоа не би било можно без вашата доверба. Ви благодариме што бевте со нас.“

— реклама —

Меѓу првите кои се поздравија со гледачите на Ал-Џезира беа новинарките од македонската редакција, Милка Смилевска и Маја Блажевска, кои преку лични пораки на социјалните мрежи ја изразија својата благодарност за можноста да бидат дел од овој медиум.

„Имав огромна привилегија 14 години да работам со професионалци, почитувана, заштитена и финансиски наградена. Благодарна сум за секој ден искуство и работа“, напиша Смилевска.

Нејзината колешка Блажевска, исто така, се осврна на патот од централната редакција во Сараево до известувањето од терен во Скопје: „Имав можност да направам стории што значат, да интервјуирам луѓе кои го менуваат светот. Беше чест да се работи според највисоки новинарски стандарди.“

Одлуката за затворање на Ал Џезира Балканс е дел од поширока медиумска консолидација во рамки на Al Jazeera Media Network, со седиште во Доха, Катар. И покрај обемниот, влијателен и често пофалуван програмски опсег, мрежата одлучи да стави клуч на својата балканска редакција, оставајќи празнина во медиумскиот простор кој го покриваше објективно и критички.

За многумина, Ал Џезира Балканс ќе остане пример за професионализам, објективност и регионална солидарност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања