„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Алармантно: Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
filipce-222

Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава. Најалармантна е состојбата во помалите градови. Младите доктори не сакаат да работат како матични ниту да специјализираат семејна медицина.

— реклама —

- Од 2010 година кога е формирана катедрата имаме 330 специјализации по семејна медицина, а 80 лекари поминале доедукација и специјализација, а тоа е малку бидејќи во земјава има околу 1500 матични лекари, изјави проф. д-р Катерина Ставриќ, шеф на катедрата за семејна медицина.

За да се мотивираат младите да работат во примарното здравство од иднита академска државата специјализациите по семејна медицина ќе бидат на државна сметка, а за возврат ќе треба неколку години да бидат матични лекари, најави министерот Филипче.

— реклама —

- Ќе ги мотивираме со тоа што државата ќе ги субвенционира специјализациите по семејна медицина, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Од катедрата за семејна медицина уверуваат дека доедуцираните лекари ќе пружаат поквалитетна здравствена заштита.

- И пациентите помалку ќе бидат упатувани на секундарно и терциерно ниво, додаде проф.д-р Ставриќ.

Во меѓувреме од здружението на општи и семејни лекари ќе бараат од Фондот за здравство олеснување во упатувањата на секундарно ниво и пропишување на повеќе лекови од позитивната листа.

- Ќе следат и други предлози во интерес на поквалитетни услуги за пациентите, изјави д-р Катарина Ковачевиќ, претседател на здруженбието на општи и семејни лекари.

Министерот за здравство најави дека идната недела ќе бидат прецизирани превентивните програми кои треба да ги реализираат матичните лекари, а за возврат ќе добијат покачување на капитацијата, односно повеќе пари од државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања