Албанец и Пакистанец уапсени на гранични премини, фалсификувале лична карта и возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
granica-carina

На 26.08.2021 во 21.30 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода A.A.(41) од Република Албанија, кој управувал патничко моторно возило „нисан кашкаи“ со бугарска национална ознака, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ односно употреба на фалсификувана албанска возачка дозвола.  Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кратово за понатамошна постапка.

— реклама —

Истиот ден, на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(20) од Пакистан поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При контрола и проверка било утврдено дека на увид приложил фалсификувана грчка лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања