ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Албанскиот претседател Илир Мета два дена инкогнито шетал во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ilir-meta-bitola2

Претседателот на Република Албанија Илир Мета два дена бил во посета на Битола по повод 110-годишнината од албанската азбука, а македонските национални и локалните медиуми не беа известени за настанот. За посетата на Мета новинарите од Битола дознаа од социјалните мрежи, откако претседателот на Албанија на својата фејсбук страница објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола, како и на селото Меџитлија каде се сретна со жителите. Тој се слика и покрај чешма со прочуената кисела вода во Пелагонија, пишува СДК.МК.

— реклама —

Под објавените фотографии напишал дека заедно со албанските жители „ја делиме желбата дека подобри времиња доаѓаат за нив, со новите изгледи за членство во НАТО на Македонија и преговорите за ЕУ следната година“.

„Протоколот беше на високите гости од Албанија и ние не можевме да се мешаме, носеа новинари од Албанија. Претседателот на Албанија вчера го посети Музејот на албанската азбука во Битола, вечерта присуствуваше на концерт во Центарот за култура, синоќа преспа тука, а денес беше во Меџитлија“, рече Нуер Арслани, директор на Музејот во Битола.

— реклама —

Новинарите од Битола не знаеја дека толку висок политичар е во посета на градот, па претпоставуваат дека најверојатно не беа ни известени за да не се поставуваат прашања. Деновиве, дел од македонските портали и телевизии повикувајќи се на медиумите од Алабнија, пишуваа за наводна можна замешаност на албанскиот претседател Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија во бегството на осудениот пратеник и експремиерот Никола Груевски преку Албанија во Црна Гора до Унгарија.

Дека претседателот на Албанија присуствуваше во Битолскиот Регион потврда имаме и од битолската полиција.  Мета денес околу пладне заминал од Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања