Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Александар Стојкоски ќе е победник во Ѓорче, тврди Мисајлоски и образожи причини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Vlado-Misajlovski-07.03

Од овде од Ѓорче Петров сакам да ве повикам сите да излезете и да го дадете својот глас за кандидатот за градоначалник, Александар Стојкоски кој е хуман човек, човек кој го сака Ѓорче Петров и кој има визија за модерна и урбана општина, апелираше денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

— реклама —

Исто така сакам да ги повикам граѓаните, додаде Мисајловски, да дадат поддршка и за листата на кандидати за советници во Советот на Ѓорче од ВМРО-ДПМНЕ, доктор Ленче Нелоска.

„Имаме кандидати за советници со кои ќе може да ги реализираме сите проекти. Има преку 200 проекти за Ѓорче, за во секое мало нов парк , нова улица, ново културно катче, се за граѓаните. Затоа до 17 октомври погледнете ја програмата уште еднаш и ќе се пронајдете во неа, затоа и гласајте. Масовно да дадеме поддршка за кандидатот Стојкоски и советничката листа“, рече Мисајловски.

— реклама —

Мисјаловски додаде „доста е да гледаме неработници, доста е со трошење на времето, време е за нова иднина.

„Затоа ве повикувам да гласате за Александар Стојкоски и листата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за поубаво Ѓорче ве повикувам да гласате за нив и оттука да почнат промените“, рече Мисајловски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања