Промени тема
Контакт

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари ги остави здравствените работници без решенија и поради него денеска Албанците се избркани од работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taravari-vredi-koalicija-h

,,Нелегитимниот министер за здравство Арбен Таравари е главниот виновник што стотици Албанци во различни клиники и болници низ земјава денеска остануваат на улица и им се раскинуваат договорите. Во времето кога Алијансата за Албанците беше во Владата, нашите министри предложија и ја донесоа одлуката за распишување на оглас за повеќе од 1100 вработени во здравството, со која беше предвидено вработените со договор на дело да земаат решенија за трајно вработување. Овој конкурс го процесираше поранешниот министер Илир Демири до последната фаза на тестирање и интервјуа. Со доаѓањето на Таравари на чело на министерството, тој од неговиот кабинет испрати мејл до сите институции да ја стопираат процедурата за спроведување на огласите, додека веднаш почна со разрешување и смена на директори, со цел полесно да се реализира ова сценарио.

Во дописот до здравствените установи Таравари пишува дека ќе следат и други активности, додека сведоци сме дека единствени активности што следеле биле раскинување на договорите за вработените Албанци и нивна замена со активисти на ВМРО и ЗНАМ.

— реклама —
— реклама —

Со оваа одлука, како и со одлуката за укинување на економските директори и врзаните потписи, Таравари потврди дека единствена негова мисија е спроведувањето на проектот на моноетничката влада за деалбанизација на здравството.”, велат од Алијансата за Албанците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

alijansa-za-albancite

Алијанса: 139 деца примени за 48 часа во Тетово, 12 хоспитализирани – „Каде се сега министрите?“

Македонија | пред 6 часа

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: ВЛЕН молчи за интересите на Албанците, а институциите ги користи за семејни вработувања

Македонија | пред 1 месец

media-library6k4hehcp5hdcfxGhfvf

Алијанса за Албанците реагира по собирот за Вучиќ во Куманово: Молкот за провокациите е охрабрување за нивно повторување

Македонија | пред 3 месеци

sela-vo-pretres-3

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се одржи на албански јазик

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања