Промени тема
Контакт

Алијанса за Албанците: „Евроинтеграцискиот“ режим ослободи уште еден криминалец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Режимот Ахмети-Мијалков-Заев продолжува со помилувањето на криминалците, одговарајќи им на најарогантен можен начин на граѓаните коишто им се спротиставуваат на нивните криминални дејствија, велат од Алијанса за Албанците.

„Само после два дена откако не им дозволивме да ги помилуваат Сеад Кочан, Александар Василевски Нинџа и Бобан Илич, Министерството за (не)правда ја повлече комплетната листа, недозволувајќи да се помилуваат ниту затворениците коишто се со полесни прекршоци, а и невини по затворите.

— реклама —
— реклама —

Од друга страна, со одлука на Кривичниот суд, денес беше ослободен Сашо Мијалков, главниот партнер на актуелниот режим и човекот којшто уништи човечки судбини и го уништи државниот буџет.

— реклама —

Овој случај уште еднаш ја демаскира измамничката евроинтеграциска агенда на овој режим и ги оправда нашите оценки дека овој режим треба да падне ден порано. Сите тие коишто му го продолжија животот на овој режим, денес се виде дека придонеле за да се постигне помилување на криминалците“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања